Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Инвестираме во целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца во Сопиште

0
By Ivana on July 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска во Општина Сопиште направи увид во градежните работи на новиот објект при  ЈОУГД „Виножито“, втор објект за згрижување на деца од предучилишна возраст во оваа општина.

„Новата градинка има капацитет да згрижи 57 деца кои ќе бидат организирани во три групи, две за деца од 2-6 години, а третата група e за јасли. Министерството за труд и социјална политика  за нејзината изградба и опремување од својот Буџет издвои околу 21 милиони денари. Согласно, направениот увид  на терен градежните работи се во завршна фаза, во моментот се привршува внатрешното уредување, а истовремено се работи и на уредување на дворот“, истакна Шахпаска.

Според темпото на движење на  работните активности, детската градинка во Општина Сопиште треба да биде завршена  за најмногу еден месец.

„За нас секое дете е важно, бидејќи колку порано влезе во воспитно образовниот процес, толку поподготвено ќе влезе и во образовниот процес. Заложбата на Министерството и Владата е да изградиме градинки во сите делови на државата и  до завршување на мандатот до 2024 година 60 % од децата од предучилишна возраст, да бидат сместени во градинки. До сега во употреба пуштивме 14 градинки, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 11 нови објекти, еден од нив е и оваа градинка“, рече Шахпаска.

Новата градинка во Општина Сопиште е самостоен проект на Министерството за труд и социјална политика како дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

градинка Сопиште шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.