Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Со „Недела ден за одмор“ го остваруваме барањето на работниците

0
By Biljana on July 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 17:07

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, посочи дека во носењето на законското решение со Предлог – законот за работни односи со кој се дефинира дека „Недела е ден за одмор“ беа вклучени сите засегнати чинители. Шахпаска посочи дека за ова законско решение се разговараше на пет седници на Економско социјалниот совет, на кои претставници на синдикатите и на работодавачите ги кажаа своите ставови. За овој законски предлог се дискутираше и со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на РСМ со Комората на северно-западна Македонија.

„Целта поради која го носиме законот се работниците и работничките права. Работниците се основниот човечки капитал којшто учествува во процесот на производство. Нашата намера како предлагачи на законот не е само да го исполниме нашето изворно ветување на парламентарните избори, како што знае опозицијата да адресира, туку да се излезе во пресрет на барањата на работниците за воспоставување на еден баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Кога предлагате законско решение, најмалку што сакате е да постигнете негативен ефект – отпуштање на работници. Апелирам до работодавачите да го почитуваат ова законско решение, кога ќе се усвои, затоа што е многу тешко да се стигне до работна сила во услови кога бевме соочени со пандемија, и кога генерално квалификувана работна сила недостасува на пазарот“, рече Шахпаска.

Според министерката Шахпаска реализирањето на законското решение недела – ден за одмор, ќе генерира задоволство кај работниците кое пак, ќе предизвика зголемување на продуктивноста, која ќе значи поголем профит и на работодавачите.

„Намерата беше 92% од работниците да не работат во недела, и тоа го испорачува ова законско решение. Само 8% од работниците во оние дејности кои се неопходни, околу 42 таксативно наведени во предлог – законското решение ќе мора да работат во недела за да може државата да функционира непречено. Ние сите мора да имаме струја во недела, да имаме пристап до телефонија, да работат здравствените служби, системот за социјална заштита што значи згрижување на деца и стари и лица, царинските служби и службите за обезбедување. Мора да работат и неопходните дејности, како што се копањето на руда, топилниците, оние процеси кои поради технолошкиот процес не можат да бидат прекинати. Во овие 30% кои се исклучоци, само минимумот на работници кои мора да работат ќе работат во ден недела“, рече Шахпаска за „Коха“.

Предлог-законот за работни односи помина во прво читање на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

министерство за труд и социјална политика недела ден за одмор недела неработен ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.