Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шампионска лига на УЕФА: Моќен ПСЖ, Челзи со пресврт во Мадрид (Видео)

0
By Нова ТВ on September 28, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тимот на ПСЖ во вистински момент потврди зошто го гледаат за најголем ривал на Реал Мадрид за титулата во Лигата на шампиони за оваа сезона. „Светците“ демонстрираа страшна фудалска моќ во дербито на вечерта што на своја кожа ја почувствуваа играчите на Баерн Минхен. Кавани и Нејмар ги закопаа воените секири, клупскиот интерес го ставија над личниот, па вратената синергија во соблекувалната се преслика на терен и продуцира убедлив триумф на парижани над Баварците со 3:0.

Дани Алвес прв ја проби одбраната на Германците и веќе во втората минута го принуди Улрих на капитулација. Уругваецот се додаде во листата на стрелци во 31 минута, а 222 милиона евра вредниот Бразилец ја докрајчи четата на Карло Анчелоти во 63 минута. Килијан Мбапе учествуваше при постигнувањето на првиот и на третиот гол за ПСЖ.

https://www.youtube.com/watch?v=tIbwGUonP88

Во вториот меч од групата Б, Селтик славеше на теренот на Андерлехт со 3:0. Леи Грифитс во 38 минута, Патрик Робертс во 50 и Скот Синклер во третата од судиското екстра време беа творци на првиот гостински триумф на шкотскиот претставник во Европа по 17 натпревари.

Една од највозбудливите претстави во второто коло од А – Г групната половина во ЛШ, сепак, се одигра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Челзи со пресврт на крајот ги спакува и понесе трите бода за Лондон. Антоан Гризман обезбеди предност за тимот на Диего Симеоне во 40 минута по прецизниот удар од белата точка, но премиерниот настап на „јорганџиите“ на својот нов стадион во ЛШ наместо со хепиенд заврши со шок за домашните фанови. По израмнувачкиот погодок на Мората во 60 минута, погоди и Бачуаи во 94. за голема победа на „сините“ на менаџерот Антонио Конте во групата Ц.

https://www.youtube.com/watch?v=x1zGU1vDGxA

Рома, пак, во истата конкуренција го совлада Карабаг со 2:1. Стрелци за „волчицата“ на националниот стадион во Баку беа Костас Манолас во седмата минута и Един Џеко во 15., Педро Енрике во 28. го реализира единствениот за дебитантот во групната фаза во ЛШ.

Триумфален марш на Манчестер Ј. низ Москва, Барселона со автогол до три бода во Лисабон

Убедливи победи на Манчестер Ј. и на Базел во групата А. „Црвените ѓаволи“ го растурија системот на ЦСКА и славеа среде Москва со 4:1, а Базел со 5:0 ја декласира Бенфика.

Јувентус ја оправда фаворитската улога против Олимпијакос во групата Д, но „старата дама“ ги сочува бодовите со два гола во вториот дел. Грчкиот отпор во Торино го скршија Игуаин во 69 минута и Марио Манџукиќ во 80. Барселона го совлада Спортинг во Лисабон со 1:0 со автоголот на Коатес во 49 минута. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше изземен како опција во официјалниот протокол на средбата.

Лига на шампиони, 2 коло

Група А

ЦСКА Москва – Манчестер јунајтед 1:4

Кучаев 90′ – Лукаку 4′, 27′, Марсијал 19′ (п), Мкитарјан 57′

Базел – Бенфика 5:0

Ланг 2′, Оберлин 20′, 69′, Ван Волфсвинкел 59′ (п), Риверос 76′

Табела: Манчестер јунајтед 6, Базел 3, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0.

Идно коло (18 октомври): Бенфика – Манчестер јунајтед, ЦСКА Москва – Базел.

Група Б

ПСЖ – Баерн Минхен 3:0

Алвес 2′, Кавани 31′, Нејмар 63′

Андерлехт – Селтик 0:3

Грифитс 38′, Робертс 50′, Синклер 90’+3′

Табела: ПСЖ 6, Баерн Минхен 3, Селтик 3, Андерлехт 0.

Идно коло (18 октомври): Андерлехт – ПСЖ, Баерн Минхен – Селтик.

Група Ц

Атлетико Мадрид – Челзи 1:2

Гризман 40′ (п) – Мората 60′, Бачуаи 90’+4′

Карабаг – Рома 1:2

Педро Енрике 28′ – Манолас 7′, Џеко 15′

Табела: Челзи 6, Рома 4, Атлетико Мадрид 1, Карабаг 0.

Идно коло (18 октомври): Челзи – Рома, Карабаг – Атлетико Мадрид.

Група Д

Спортинг Лисабон – Барселона 0:1

Коатес 49′ (автогол)

Јувентус – Олимпијакос 2:0

Игуаин 69′, Манџукиќ 80′

Табела: Барселона 6, Спортинг Лисабон 3, Јувентус 3, Олимпијакос 0.

Идно коло (18 октомври): Барселона – Олимпијакос, Јувентус – Спортинг Лисабон.

Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.