Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шанса за Центар изброи скоро 60 коцкарници и обложувалници: Центар е казино-општина

0
By Zoran Ivanov on February 4, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 4, 2026 11:48

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ преку „Гугл“ ги мапираше коцкарниците, казината и слот-клубовите во централната скопска општина.

По пребројувањето, иницијативата посочува дека останаа уште малку јавни терени во Центар на кои децата не плаќаат за да играат, но затоа има речиси 60 казина и обложувалници.

Центар е казино-општина. Ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај кои поминувавме и има повеќе отколку сите детски и спортски игралишта заедно. Како што имаме извори на загадување на воздухот, имаме и извори на загадување на духот“, посочуваат од таму.

Шанса за Центар“ како „поразителни“ и „катастрофални“ ги карактеризираше податоците објавени во истражувањето на Институтот за јавно здравје, кое покажа дека во изминатите 12 месеци, еден од четири ученици (25%) се коцкал за пари.

Според извештајот, коцкањето со физичко присуство е почесто (21%) отколку онлајн коцкањето (15%), иако и двете се значајно застапени. Проблематичното коцкање се зголемило од 4,5% во 2019 на 7,6% во 2024 кај оние кои се коцкаат (9,3% од момчињата и 4,1% од девојчињата во 2024).

За профит создаваме сакати генерации, дозволуваме младите да се навлечат на порок, зависност која се лечи исто или потешко од зависност од дрога. Создаваме млади луѓе кои се неспособни за работа и учење. Кој профит го оправдува ова?“, прашува од „Шанса за Центар“.

Бидејќи инвестициите во коцкарниците се странски, од иницијативата веќе побараа истите правила да важат и кај нас како во земјите од кои доаѓаат.

500 метри далечина е ништо за деца. Помалку од 10 минути пешачење е тоа“, нагласуваат од „Шанса за Центар“.

Понатаму, бараат тие да бидат во зони надвор од градот. Прашуваат „како тоа воопшто деца влегуваат во кладилници и коцкарници“, затоа побараа и засилени контроли при влез.

Бараме и драстични казни ако се затекне малолетник во коцкарница, казино и казните да бидат транспарентни и да излегуваат во билтен која коцкарница дозволила и колку е казнета. Бараме казните да бидат транспарентни и да се евидентираат платните налози, дека казната е платена. Со години се толерираат кладилниците и коцкарниците, како последица се јавија ‘брзите пари’ кои дополнително ги уништуваат личностите и семејствата, реагираа уште претходно од иницијативата.

Инаку, во истражувањето на Институтот за јавно здравје стои дека коцкањето со физичко присуство во обложувалници, казина и слично е сè уште почесто од онлајн коцкањето, но растот на платформите за онлајн обложување продолжува да ги замаглува овие граници.

Овие трендови сугерираат дека помалку адолесценти може да се коцкаат, но оние кои се впуштаат во поинтензивни или поризични форми на коцкање всушност се прикриени со онлајн коцкањето. Раната превенција е од суштинско значење, особено со оглед на психолошките и финансиските последици од проблематичното коцкање, се заклучува во документот.

Извор: Слободен печат

кладилници Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.