„Ова ќе биде Министерство за правда“ и „Ако нема правда, нема мир“. Ова се двете пароли кои демонстрантите ги испишаа на зграда на Министерството за правда додека ја шараа.
Претходно на пат од СЈО, према Влада кон Собранието демонстрантите ги офарбаа барокните столбови пред Владата, а во моментот се очекуваат говори пред законодавниот дом. Во текот на целиот марш се слушаат револуционерни песни. Во моментот во силно ечи песната „Во борба македонски народе“.
Се очекува повторно да се бои фасадата на Собранието како продолжение на вчерашните протести.



