Започна протестот на „Шарената револуција“, овој пат со фокус на нарачаните над 50 уметнички слики на високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ за нивниот партиски штаб, јави репортерката на НОВА, Славица Филиповска.

13318978_1121407164567561_990162906_n

Демонстрантите носат гоблен во кој е урамена сликата на раководството на партијата, но зад решетки.

Главниот транспарент на денешниот протест го носи слоганот „Нашата уметност е бесплатна“.

Шарена револуција: Гоблен со сликата на ВМРО-ДПМНЕ зад решетки

Демонстрантите се движат кон Влада, а организаторите не соопштуваат засега каде ќе заврши протестот.

НОВА вчера објави фотографии од уметничките слики кои наводно за партијата ги изработуваат украински и бугарски автори. Дел од овие автори биле ангажирани и на изработката на сликите и масивните сцени поставени во Музејот на македонската борба и во други објекти од проектот Скопје 2014.