Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарена револуција: Од денес ништо веќе не е исто, ултиматум до власта

2
By Влатко Чаловски on June 6, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шарената револуција на денешните масовни протести објави ултиматум до власта, со рок до 18.јуни како излез од политичката криза. Имено протестите продолжуваат во друга форма на изразување револт, откако речиси два месеци секојдневно се протестираше низ улиците на Скопје но и други градови ширум Македонија.

Првото барање е Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи истото е под ризик да се прогласи за неуставно, така што Уставниот суд би ја загарантирал неговата работа. Воедно, второто барање кое Шарената револуција го произнесе е запирање на прогонот врз демонстрантит и да се ослободат сите приведени.

Воедно, како што порачаа од говорницва пред Собранието, тие побараа повлекување на сите кривични пријави од МВР за учество во протестите.

„Нашите соборци седат во притвор повеќе од еден месец. Оваа хајка мора да престане“, порачаа говорниците.

Третото барање е оставка од Владата на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.

Демонстрантите во своите барања потенцираат и дека задолжително е присуство на граѓаните при решавањето на кризата во преговори кои велат, мора да се одвиваат на територија на Македонија.

За крај, тие порачаа дека неопходна е оставка од претседателот Иванов.

За разлика од претходните демонстрации, протестите продолжуваат во среда напладне, кога ќе се блокира сообраќајот во Скопје, како симболика дека Македонците живеат во блокирана држава. По соопштување на барањата, граѓаните му оддадоа почит на Мартин Нешковски, и како што рекоа, сите жртви на овој режим.

За време на маршутата која започна во 18 часот од СЈО, кон Владата, демонстрантите го пробија кордонот на специјалните сили кои го блокираа булеварот Св. Климент Охридски притоа неповредувајќи ниеден припадник на полициските сили. Протестот заврши на плоштадот Македонија, кој беше обоен во црвена боја во чест на убиениот Мартин Нешковски.

Денес, освен секојдневно присутните демонстранти, поворката ја водеа и лидерите на политичките партии од опозицијата, на чело со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

#Шарена револуција власт Мартин Нешковски протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.