Започна протестот пред СЈО. Како и секој ден во шест часот, демонстрантите кои се дел од Шарената револуција се собраа пред СЈО за да ја дадат нивната поддршка. Денеска се придружени и од комбе со звучници на кое се пуштаат револуционерни песни. Сега се упатуваат накај Собранието.
На ФБ страницата на групата #Протестирам #Protestoj е напишан денешниот лајт-мотив за протестите:
Јавниот долг за времето на оваа влада порасна за 2 и пол милијарди евра. Во последните 5 години, Владата се задолжува 15 евра секоја секунда, 52 илјади евра секој час, 1 милион и 250 илјади евра секој ден. Оваа влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4455 евра, и секој од нас за 1240 евра. Овие бројки одовде само ќе растат. Со секој нивен ден на власт, ние сме се посиромашни и позадолжени.