Учесниците во Шарената револуција за вечерва во 19 часот повторно најавуваат потест во Скопје. Збирно место е Специјалното обвинителство, од каде протестот ќе започне во 19 часот, но засега е непознати каде ќе се движат демонстрантите.
Овој пат мото на протестот е „Нема да им дозволиме!“, а се однесува на зголемувањето на јавниот долг.
– Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови!, се вели во повикот од Шарената револуција.
Протестот следува откако минатата недела Владата издаде еврообврзница од досега рекордни 650 милиони евра.
Што е еврообврзница, колку веќе должиме и кога и како ќе враќаме