Граѓaните денеска го започнаа протестниот марш во рамките на “Шарената револуција“ знак на револт поради еднопартиските избори. Колоната граѓани ја сочинуваат луѓе од најразлична возраст.
Тие носат транспаренти на кои пишува „Шарам, правда барам“ „Избори, без избор нема да дозволиме“ , како и слики од политичари и познати имиња од естрадата кои ги повикуваат да им се придружат.
Денешната рута на протестниот марш е СЈО, Собрание и Влада, каде се очекува да заврши маршот. Протестот се одвива мирно придруван со музика и свирежи од присутните граѓани.