Со трактор пред колоната демонстранти од Шарената револуција започна протестот во Кавадарци. Вечерва на протестниот марш на разглас се пуштаа делови од „бомбите“ и се слушаа револуционерни песни.
Шарената револуција излезе на протест и во Штип. Граѓаните протестираат против одлуката на Иванов за помилување на политичарите, но и за да го изразат незадоволството од власта, и да побараат оставки и правда.