Бошко Нацевски: Премиерот не бил против покачување на платите на работниците, ако тие се договорат со работодавачите. 0Би се рекло многу умен, коректен и хуман резон и вистински државнички совет. Жиму мајка му и челната функционерска позиција.
А да го прашаш – дали таа господа се договори со работниците, чија пот лакомо ја цицаат и ги полнат фондовите, да си ги зголемат ни помалку, ни повеќе, туку за 78 проценти платите. Безмалку двојно ги напумпаа нивните портмонеа, кои и без тоа, за наши македонски услови, со анемична економија, испружена во болничка постела, одвај влегуваа во функционерите џебови. А да не ги спомнуваме девизите од ,,сефовите”, заѕидани во ѕидовите. Тие им се златната резерва, или виза, за гепек бришка во случај на криза. Доколку згусти.
А синдикалците очигледно не се расположени за компромиси со оние што место средства за пристојна егзистенција, им нудат лижавчиња и шарени балончиња. Од нив нека си го додекорираат раскошот на амбиентите во хациендите. Време е за освестување. Ако нема пари за работниците, здраворазумно е да нема и за работодавачите, а секако и за функционерите, на кои, место мозочните ганглии, им се развиваат енормно телесните димензии. Ако вака потрае и роденита мајка не ќе ги препознае, не ќе се сети, дали тие денешни функционери се нивните деца, со карикатурално изменети портрети.
Од мене толку. Ако нешто сум заборавил, или згрешил, продолжете вие!
Извор: Фејсбук



