Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ ја објави насловната која ќе ја пласира во јавноста во среда, на годишнината од терористичкиот напад врз редакцијата.
Карикатурата е со брадест бог во крвава облека со калашников во раката, а насловот е „Една година подоцна, убиецот сè уште на слобода“.
В четврток на 7 јануари се одбележува една година од терористичкиот напад врз канцелариите на францускиот сатиричен магазин Шарли ебдо во Париз, во кој беа убиени десет члена на редакцијата, како и двајца полицајци.
Овој број ќе биде печатен во милион примероци. Во него ќе бидат објавени и цртежи од убиените карикатуристи Кабу, Волински, Шарб, Тињус, Оноре.
Карикатуристот Рис, главен уредник на списанието, кој беше тешко ранет на 7 јануари минатата година, напиша уводник во кој се залага за световност и ги критикува фанатиците и оние што сакале смрт на списанието што се „осмелува да ѝ се смее на верата“.




