Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шчербак ја прекрши Виенската конвенција, амбасадата поставува прашања

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 09:24

Домашни дипломати  за НОВА коментираат дека рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак со учеството и говорот на протестот организиран од партијата „Единствена Македонија“ пред Руската амбасада за поддршка на протераниот дипломат ги пречекорил овластувањата на својот дипломатски мандат определени со Виенската конвенција.

Не се памети еден амбасадор, акредитиран во земјава, да учествува на митинг на политичка партија, коментираат тие.

,,Со вчерашниот настан, рускиот амбасадор се вмеша во внатрешните работи на Република Македонија. Тоа беше собир на регистриран политички субјект – партијата на Јанко Бачев. Рускиот амбасадор учествуваше на политички митинг  на политичка партија во Македонија, а тоа не е дозволено. Ова е кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи“, велат нашите соговорници.

Според нив, ако присутните сакале да се видат со рускиот амбасадор, можеле да влезат во амбасадата, каде што според принципот на екстериторијалност е руска територија и таму да си кажат се. Но, на македонско тло, тој не смее да има политички активности и да учествува на собир на политичка партија.

Вториот спорен момент е што амбасадорот се заблагодарува на недоличните коментари и на навредите упатени кон македонските власти.

„Тоа е  навреда на  високи претставници на државата во која е акредитиран и тоа е недипломатски потег. Амбасадорот ги прима акредитивите од претседателот на државата и премиерот и со тоа што рече: „Ви благодарам на коментарите“, всушност го навредува премиерот на државата“, коментираат нашите соговорници.

При вакви дипломатски инциденти, практика е амбасадорот да се повика во МНР, за да му се укаже дека треба да се држи до рамките на својот мандат.

Од Владата пак, на прашањето на НОВА, кусо одговорија дека „правото на протест е неприкосновено право на граѓаните на Република Македонија се додека не е загрозена јавната безбедност. Но, говорот на омраза и навредите се неприфатливи и се за секоја осуда, како и поддршката за истите“,  и се посочува дека Македонија негува пријателски односи со Русија и верува дека ќе ги унапредува и понатаму, а членството во НАТО нема да го наруши ова пријателство.

Руската амбасада, место одговор поставува прашање

„Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија не е иницијатор или организатор на митингот пред руското дипломатско претставништво што се одржа навечер на 3 април оваа година“, се вели во одговорот од Руската амбасада во Скопје, на прашањата на НОВА.

Во одговорот на цела страница, Амбасадата на Руската Федерација уште им се заблагодарува на учесниците на митингот и во нивно лице, на сите граѓани на Република Македонија, кои во овие, како што велат за нив  „тешки денови“ му изразија сочувство и поддршка на рускиот народ по повод неодамнешната трагична смрт на 64 луѓе во пожарот во Кемерово, а исто така и на сите оние кои се залагаат за пријателство и конструктивна соработка меѓу Русија и Македонија. Амбасадата ги осудува провокациите против Русија, вклучувајќи го и протерувањето на рускиот дипломат од Скопје како чин кој ги поткопува традиционално пријателските односи меѓу нашите две земји.

-Амбасадата на Руската Федерација не се меша во внатрешните работи на Република Македонија, не е орган за цензура и  верува дека нема право да дава јавна оценка по прашањата од слободата на изразување во земјата-домаќин, се вели во соопштението.

На крајот од Амбасадата се обраќаат до редакцијата на НОВА, барајќи тие одговор од медиум за „навредите“ кон рускиот претседател од британски политичари што како што наведуваат биле објавени во други медиуми.

-Истовремено со оглед на вашиот интерес кон темата на говор на омраза, а исто така земајќи предвид дека медиумите не се обврзани со Виенската конвенција од 1961 година, би ви замолиле да одговорите на нашето повратно прашање – „Каков е ставот на редакцијата на НОВА-ТВ во однос на грубите и навредливи зборови на британски политичари на адреса на Русија и нејзиниот Претседател повеќекратно објавени во медиумите на Република Македонија, како и во однос на многу провокативната слика објавена во „Независен весник“ од 22 март оваа година во колумната на Амбасадорот на Велика Британија Чарлз Гарет?“пишува во соопштението од  амбасадата на Русија.

За прашањето поставено до НОВА, ги упатуваме одговор да побараат од медиумите кои што ги споменуваат во соопштението.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.