Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот амбасадор ја прекрши Виенската конвенција

1
By Соња Петрушевска on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 4, 2018 17:55

Владата ги осуди говорот на омраза и навредите кои беа упатени на синоќешниот протест организиран од партијата „Единствена Македонија“ пред Руската амбасада за подршка на протераниот дипломат, а на кој се обрати и рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

„Правото на протест е неприкосновено право на граѓаните на Република Македонија се додека не е загрозена јавната безбедност. Но, говорот на омраза и навредите се неприфатливи и се за секоја осуда, како и поддршката за истите“, пишува во одговорот од Владата испратен до редакцијата на НОВА. Во одговорот, исто така се посочува дека Македонија негува пријателски односи со Русија и верува дека ќе ги унапредува и понатаму, а членството во НАТО нема да го наруши ова пријателство.

Инаку, пред присутните, во своето обраќање, амбасадорот Шчербак рече дека жали што Македонија се приклучила на „антируската кампања иницирана од неколку држави, без да се истражат сите факти и избрзано повикувајќи се на лажното чувство на солидарност со Британија и сојузниците од НАТО и од ЕУ донесла одлука за протерување на рускиот дипломат“.

Откако го спомена протерувањето на рускиот дипломат од Македонијa, насобраните почнаа да извикаат: „Да се протера Зоки Заев“, „Ние сме окупирани“, „Ние сме окупирани од НАТО“,„ Заев, копиле муртинско“,„Копиле, мајка му е..м“

Шчербак на овие навреди се насмевна и кажа: „Ви благодарам за вашите коментари“.

Домашни дипломати  за НОВА коментираат дека рускиот амбасадор ги пречекорил овластувањата на својот дипломатски мандат определени со Виенската конвенција. Не се памети еден амбасадор, акредитиран во земјава, да учествува на митинг на политичка партија, коментираат тие.

,,Со вчерашниот настан, рускиот амбасадор се вмеша во внатрешните работи на Република Македонија. Тоа беше собир на регистриран политички субјект – партијата на Јанко Бачев. Рускиот амбасадор учествуваше на политички митинг  на политичка партија во Македонија, а тоа не е дозволено. Ова е кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи“, велат нашите соговорници.

Според нив, ако присутните сакале да се видат со рускиот амбасадор, можеле да влезат во амбасадата, каде што според принципот на екстериторијалност е руска територија и таму да си кажат се. Но, на македонско тло, тој не смее да има политички активности и да учествува на собир на политичка партија.

Вториот спорен момент е што амбасадорот се заблагодарува на недоличните коментари и на навредите упатени кон македонските власти.

„Тоа е  навреда на  високи претставници на државата во која е акредитиран и тоа е недипломатски потег. Амбасадорот ги прима акредитивите од претседателот на државата и премиерот и со тоа што рече: „Ви благодарам на коментарите“, всушност го навредува премиерот на државата“, коментираат нашите соговорници.

При вакви дипломатски инциденти, практика е амбасадорот да се повика во МНР, за да му се укаже дека треба да се држи до рамките на својот мандат.

НОВА побара став и од Руската амбасада, но оттаму не добивме одговор.

Собирот пред Руската амбасада, вчера го организираше партијата „За единствена Македонија“, а се приклучија и „Тврдокорните“.  Нивните претставници во своите говори рекоа дека народот во Македонија сакал сојуз со Русија и со Евроазиската унија, а не влез во НАТО и во ЕУ, а за протерувањето на рускиот дипломат ја обвинија „марионетската влада“.

Македонското Министерството за надворешни работи протера дипломат на Руската Федерација, поради случајот „Скрипал“. Одлуката на македонското МНР  беше  донесена по консултации со сојузниците и со партнерите од ЕУ и од НАТО. Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, тогаш рече дека лицето кое ќе биде протерано излегло од својот дипломатски мандат, бидејќи се обидело да добие класифицирани информации. Чинот на протерување беше одобрен и од ВМРО ДПМНЕ, а единствено претседателот Иванов го оцени како избрзан потег на Владата.

Виенска конвенција протест Руска Амбасада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.