Шефот на одделот за комуникации на Алијанса за Албанците, Шефик Дураку ja демантира објавaта на порталот opinionshqip.life, кој излезе со негов цитат дека наводно Дураку за Апасиев вели дека е Кловн.

Дураку во контакт со нашата редакција изјави дека „ваквите обиди за кои рече дека потекнуваат од ДУИ, имаат за цел намерно да спинуваат за да и наштетат на иницијативата за интерпелација на Владата.

-Моја цел со статусот беше да им укажам на спинувачите дека ни ја потценуваат интелигенцијата нашата и на граѓаните, со тоа што партијата Левица и нејзиниот претседател Апасиев ги претставуваат како толку моќни што дури  можеле да и наштетат на НАТО-алијансата, вели Дураку.

-ДУИ бара проблем онаму каде што го нема а целта е да се растури ова мнозинство за рушење на владата, изјави Дураку во реакцијата за Нова ТВ.