Published: Wednesday, August 16, 2017 21:13
Генералниот секретар на Обединети Нации, Антонио Гутереш, ја понуди својата лична помош во севернокорејските дипломатски напори – пренесува „Channel NewsAsia“.
– Како што растат тензиите, така расте и ризикот од недоразбирања, лоши проценки и ескалација, па затоа е вважно да се престане со реториката и да се почне со дипломатијата – рекол Гутереш во Њујорк.
Гутереш рече дека ќе остане во близок контакт со сите засегнати страни и е подготвен да помогне на било каков начин.
– Треба да учиме лекции од историјата, а не да ги повторуваме истите грешки – рекол Гутереш.




