Шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ од денска во посета на Македонија. Како што јавува РТС добрососедството, економијата и соработката меѓу двете држави се темите на кои тој денеска ќе разговара со својот македонски колега Никола Поповски.

За време на дводневната посета, како што е најавено, Мркиќ ќе потпише Спогодба за соработката на двете земји за пристапување во ЕУ и Спогодба за вработување на членовите на персоналот во дипломатско-конзуларните представништава, јавува РТС.

Предвидено е Мркиќ да се сретне и со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и со премиерот Никола Груевски.