Директорот на Централната разузнавачка служба (ЦИА) во заминување Џон Бренан изјави дека не верува во способноста на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги брани интересите на националната безбедност.
Тој предупреди дека Трамп и неговото зборување и постирање на Твитер не е во интерес на земјата, и дека како иден шеф на Белата куќа не разбира во целост каква закана е Русија за САД.
-Таквата спонтаност не е во интерес на националната безбедност на САД бидејќи последиците од неговите реакции можат да бидат исклучително длабоки, изјави Бренан во интервју за телевизијата Фокс њујз.
Тој говореше и за неодамнешната изјава на Трамп со која социјалните мрежи ги спореди со однесување на нацистите, притоа истакнувајќи дека таква споредба е недозволива.
Трамп веднаш по интервјуто му одговори на Бренан, и во негов стил го нарече „дистрибутер на лажни вести“.




