Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеикот Ахмед ал Тајеб предизвика реакции во Египет: Полигамијата е неправда кон жените

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 3, 2019 20:11

Египетскиот шеик Ахмед ал Тајеб предизвика контроверзии поради изјава дека полигамијата е „неправда” кон жените иако не повика на забрана на ваквата практика.

„Тие кои велат дека бракот мора да биде полигамен, грешат. Ние треба да ги читаме стиховите (Куранот) во целост, рече шеикот Ал Тајеб.

Големиот имам на џамијата „Ал Азхар“ меѓу сунитите се смета за врховен авторитет во толкување на исламските закони. Ал Тајеб вели дека моногамијата е правило, а полигамијата е ограничена на исклучоци. Според него, полигамијата во исламот е ограничена и бара „праведност”, а „ако нема праведност, забрането е да имате повеќе од една жена”.

Тој додаде дека практиката на земање повеќе жени произлегува од „недостаток на разбирање на Куранот и традицијата на Пророкот”, дека е често „неправедна кон жените и децата” и повика на промена на начинот со кој се пристапува за женските прашања.

„Жените претставуваат половина од општеството. Ако не водиме грижа за нив, тоа е како да одиме само на една нога, рече Ал Тајеб.

Ваквите негови коментари, што во петокот беа емитувани директно на египетската државна телевизија, предизвикаа жестока дебата на социјалните мрежи. Некои го поддржаа големиот имам и се заложија за целосна забрана на полигамијата додека други, претежно од ултраконзервативното движење на салафистите, ги повикаа мажите да имаат повеќе од една жена.

Египетскиот Национален совет за жени ги поздрави изјавите на шеикот Ал Тајеб.

„Исламот ги почитува жените, ги третира праведно и им дава многу права што претходно не постоеја“, вели претседателката на Советот, Маја Морси.

Исламот им дозволува на мажите да имаат најмногу четири жени, но под услов да ги третираат подеднакво. Иако полигамијата е дозволена во повеќето муслимански земји, освен во Тунис и Турција, оваа практика, сепак, не е вообичаена.

Ахмед ал Тајеб Египет ислам Полигамија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.