Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Дополнителна соработка со Словенија за успешно справување со пожарите во иднина

0
By НОВА ТВ on August 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трагедијата која се случи во Берово и големата поддршка која граѓаните на Малешевијата ја добија од Словенија потврди дека поддршката од  пријателите мора да се зајакне на повисоко ниво преку креирање политики за дополнителна соработка во насока на справување со пожарите. Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која со својот словенечки колега Матеј Тонин беа во работна посета на Општина Берово.

-Токму поради Берово се договоривме дека во рамки на нашата стратешка одбранбена определба ќе биде зајакнувањето на политиките за соработка против пожарите во рамки на политиките за заштита и спасување. Словенија има големо искуство, тоа се виде и во Берово и сакаме да го искористиме и едното и другото. Министерот беше дополнително пријателски настроен да понуди шанса за нашите пожарникари да заминат на обука за Словенија и да обезбедат опрема која ќе биде донирана на нашите противпожарни одделенија, но и да зборуваме за како да го реформираме целиот систем за кој планираме да процесираме заедничка програма, истакна Шеќеринска.

Берово, според министерката, ги зближи пожарникарите, општините и државите и за неа е од особено значење дека заедничката врска помеѓу двете држави ќе се памети засекогаш и дека истата ќе биде зајакната.

Заменикот премиер и министер за одбрана Тонин истакна дека било задоволство да се помогне на пријателите кога најмногу имало потреба за тоа.

-Веднаш се одзвавме на повикот со праќање на противпожарни екипи, опрема, и што бевме дел од успешната акција за победа над пожарите за да се спаси она што беше неопходно да се спаси за што сме многу горди. Да не испадне дека се шегувам, но Берово е најпознатиот македонски град во Словенија, бидејки луѓето со внимание ги следеа вестите од овде за време на пожарите. Берово цело време беше присутно во медиумите, така што нашите срца беа целосно со вас во тоа време и на крајот на краиштата радосни сме што немаше човечки и материјални штети, рече Тонин.Посочи дека Словенија како дел од заедничките разговори со Министерството за одбрана ќе продолжи со поддршката во делот на противпожарната заштита особено преку донации како поддршка за пожарникарите и воедно изрази благодарност до граѓаните што Словенија е во нивните срца.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази благодарност за заложбата на Министерсвото за одбрана кое според него било од огромно значење бргу да се реагира во справувањето со огнената стихија.

-И самите на лице место бевте сведоци што се случуваше во Малешевијата. Верувам дека и во иднина ќе ја продолжиме таа акција или како да ја наречеме помош која за Берово ќе значи многу за унапредување на односите со некоја од општините од Словенија кои помогнаа, рече Пекевски.

Во знак на благодарност за огромната помош која Словенија ја пружи во насока на справување на пожарите во Малешевијата, Општина Берово додели благодарници на заменик премиерот Тонин, министерката Шеќеринска како и на амбасадорот на Словенија Милан Предан.

Берово Словенија Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.