Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска e убедена: Гласот против блокади сè повеќе ќе расте

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Убедена сум дека со добри резултати ќе ги демантираме и најголемите скептици. Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого сè повеќе ќе расте. Видовте дека последните денови по одлуката на Бугарија посилна е критиката што доаѓа од другите европски градови отколку разочарувањето и критиката кои оправдано доаѓаат од кај нас.

Ова го изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.

– Кога работите зависат од нас, јас сум секогаш оптимист затоа што кога ќе го дадеш максимумот резултатите ќе дојдат. Тој тип оптимизам секогаш сме го имале во Владата, во МО или во академската заедница. Меѓутоа прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна, и не можете вашиот оптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, рече Шекеринска одговарајќу на новинарско прашање во врска со последната блокада од Бугарија.

Според неа, попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех, станавме членка на НАТО, затоа што, подвлече, носевме паметни одлуки.

–  Ќе продолжиме да носиме паметни одлуки и да водиме вистински политики не само за да и покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку заради тоа што знаеме дека македонските граѓани се европјани и очекуваат од нас европски стандарди, нагласи министерката за одбрана.

блокади Бугарија ЕУ Македонија Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.