Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска-Мехај: Безбедност и стабилност на целиот регион, цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина

0
By Ivana on August 25, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: vistinomer.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија кон крајот на минатата година како НАТО-членка започна и со свои сили да придонесува кон мисијата на Алијансата во Косово. Нашата заедничка мисија и тука е целта која што ја споделуваме и со Владата на Република Косово е да обезбедиме безбедност и стабилност на целиот регион, безбедност и стабилност на Косово, да имаме навистина регион којшто ќе цели кон заедничка европска и евроатлантска иднина. Тоа е иднината која што ја посакувавме и за нашите граѓани и тоа е иднината која што граѓаните во нашиот регион целосно ја заслужуваат, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај.

-Северна Македонија го поддржа и го поддржува дијалогот Приштина – Белград во насока на постигнување договор со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, не само на двете земји, туку и на регионот во целина. Во исто време на секое ниво во сите регионални асоцијации и организации дадовме целосна поддршка на политиката на отворени врати и се надеваме дека и со учеството на Република Косово регионот ќе биде со многу поотворен дух и со многу поголемо расположение да наоѓа решенија за проблемите и да создава подобра иднина, рече Шекеринска. 

Министерката Шекеринска се осврна и на соработката во областа на военото образование. 

-Ние во 2012 година навистина како гест на пријателство и добрососедство ја толкувавме одлуката дел од вашите кадри да ги образувате на нашата Воена академија. Тоа беше гест на пријателство, но и гест на доверба кон нас и досега на Воената академија се запишаа осум генерации на питомци, од кои пет генерации веќе го завршија школувањето. Во моментов на Академијата се школуваат четворица косовски питомци, од кои три млади девојки амбициозни, рече Шекеринска. Додаде дека се работи за одлични студенти, посветени питомци. 

Шекеринска нагласи дека се додаваат дополнителни елементи во билатерална соработка меѓу двете земји.

-Го потпишавме Меморандумот за разбирање кој упатува на поблиска и поцврста соработка во доменот на една битка која станува битка во која учествува целиот свет. Тоа е битката против лажните вести и дезинформациите. Ако во минатото единствениот непријател беше воена сила, сега дезинформациите можат да го загрозат здравјето, може да ја загрозат безбедноста, може да го загрозат регионот. И затоа навистина очекувам дека со овој Меморандум за разбирање и соработка во борбата против лажни вести и дезинформации, како и развојот на односите со јавност ќе покажеме и добра регионална соработка, но и ќе си помогнеме на двете држави, потенцира Шекеринска. 

Министерката Шекеринска информира дека веќе две години сме и во врвот на активната транспарентност во државата. -За разлика од многу други држави каде што одбраната е најнетранспарентниот сектор, во Северна Македонија МО две години по ред е најтранспарентната институција. Во истражувањата на „Транспаренси интернешнл“ бевме рангирани на второ место во целата Централна и Источна Европа, далеку подобри од некои претходни земји членки на НАТО па и на ЕУ и ние активната транспарентност навистина ја дефиниравме како инструмент за да се бориме против лажните вести. Честопати тоа не е доволно, меѓутоа покажавме дека јавноста има право да знае и дека само на тој начин можеме да бидеме еден чекор пред креаторите на лажните вести, рече Шекеринска. 

Во Министерството, како што нагласи, веќе создадовме НАТО-капацитет за реализација на обуките во делот на односи со јавност, а правиме и решителни чекори напред во создавање посебен центар за борба против лажните вести и дезинформации.

-Со овој Меморандум ќе имаме специјално развиени курсеви за односи со јавноста и справување со дезинформации коишто нема да ги користиме само ние, туку ќе бидат и за потребите на МО на Република Косово и тие ќе ги креира нашиот НАТО-Центар, Регионалниот центар за односи со јавност и еден од нив ќе биде реализиран тука во Скопје, а еден дел ќе биде реализиран во Косово, рече Шекеринска. Додаде дека логично е две соседни земји да си помагаат и да се поддржуваат и додаде оти овој Меморандум е само еден чекор во развивање на побогата одбранбена соработка.

Шекеринска изрази надеж дека на почетокот на септември ќе има заедничка седница на двете влади и дека, како што рече, ќе ја испратиме пораката дека нашиот регион научил од своите грешки во минатото и дека со многу амбициозност, отворен, модерен, пријателски дух гледа кон нашите заеднички предизвици на целосна интеграција кон европските и евроатлантските институции.

Македонија мехај Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.