– Сметаме дека е прерано да ги соопштиме деталите, бидејќи тоа ги намалува шансите за решавање на проблемот. Треба да работиме трпеливо и се надевам дека тоа ќе донесе резултат, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, во интервју за „Ноќното студио“ на Телма, додавајќи дека решавањето на проблемот не е во финална фаза.
Таа посочи дека дебатата се води околу името, а аргументите се на наша страна околу јазикот, бидејќи, како што кажа, не постои античкомакедонски јазик на кој Грците полагаат права.
Порача дека Македонија околу ова прашање треба да има најширок консензус и додаде дека некогаш опозицијата има конструктивни ставови за преговорите, а некогаш на виделина излегува „груевизмот“.