Published: Saturday, January 23, 2016 15:08
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард денеска изјава дека бегалската криза ја довела Европа на пресвртница и ја загрозува една од нејзните најголеми придобивки – Шенген зоната.
– Мој личен став е дека од пресудно значање е да се реши бегалската криза, изјави Лагард на Светскиот економски форум во Давос.
На прашањето, дали Шенген зоната е во опасност, Лагард одговори дека според неа, е.
Шенгенскиот договор овозможува парување без контрола меѓу 22 држави членки на ЕУ и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.




