Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ денеска на протест пред амбасадата на Хрватска во Белград го запали хрватското знаме извикувајќи дека „ќе дојде вре,е кога Србија ќе си ја вратат српската покраина“. Тој порача дека во иднина ќе размислува како „да го ослободи се она што е српско“.
На протестот организиран по повод 20-годишнината од хрватската воена акција „Олуја“, Шешељ рече дека ќе врати се што е српска земја на запад и дека наскоро повторно ќе ја соедини Србија.
– Да живее Голема Србија, порача тој.
Во својот говор, Воислав Шешење рече и дека во 20.век, со помош на светските сили, два пати се создавала “усташка држава“ која вршела геноцид врз српскиот народ.
На протестот денеска присуствувале околу 1000 членови и поддржувачи на СРС кои носеле четнички симболи и анти-НАТО транспаренти, знамиња и маици со порака „Голема Србија“.
Како што јавуваат српските медиуми, протестот завршил мирно без сериозни последици.




