Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест чекори до фотоволтаици на покрив и решавање на четирите прашања за фотоволтаици на земја

0
By Mirjana on April 1, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2022 14:09

„Инвеститорите на фотоволтаици за сопствени потреби треба да се охрабрат, а оние што инвестираат за продажба на струја да бидат повнимателни. И едните и другите да ги следат процедурите за реализација на инвестицијата“, порачува Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на МЕА (Македонската енергетска асоцијација)

„Во услови на скапа струја и на неизвесност од цената, фотоволтаиците може да придонесат за обезбедување дел од потребната количина електрична енергија на две основи – кога компаниите сами ќе инвестираат за сопствени потреби или преку инвестирање во производство за други потрошувачи. Но и во едниот и во другиот случај мора да се почитува постапката за реализирање на инвестицијата, која бара одреден период и определени финансиски средства како влог“, вели заменик-претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на МЕА (Македонската енергетска асоцијација), проф. д-р. Кочо Анѓушев.

Изјавата на Анѓушев следува по драстично зголемениот интерес на компаниите и на инвеститорите за вложување во изградба на фотоволтаични електрани, како и по многуте отворени прашања што ги упатуваат фирмите на адреса на Стопанската комора, од аспект на постапката за реализација на целокупната процедура.

За таа цел, претседателот на МЕА, проф. д-р Анѓушев, ги објаснува двете постапки за инвестирање на компаниите за сопствени потреби и за инвестиција на земја за продажба на електрична енергија.

Во првиот случај, кога се произведува на покрив за сопствени потреби, компаниите, вели Анѓушев, треба да имаат предвид дека постојат шест чекори што треба да се изодат:

  1. Да се извади решение од Општината, под услов објектот да е запишан во катастар, да е изваден имотен лист и да има проект за статика на покривната конструкција, бидејќи се става дополнителна тежина на покривот.
  1. Ако документите не постојат, за нив треба да се спроведе постапка за легализирање на објектот, но и за изработка на проект за статика на изведена состојба итн.
  1. Да се направи проект за електрика на фотоволтаичната електрана, кој не одзема многу време, ниту, пак, е сложен процес.
  1. Сите горенаведени документи со доставуваат до Општината за добивање решение за поставување опрема на покрив.
  1. Пријава во „ЕВН дистрибуција“ за добивање точка на приклучок за произведената електрична енергија.
  1. Склучување договор со снабдувачот кој ќе го преземе вишокот произведена електрична енергија.

Во вториот случај, кога се произведува електрична енергија за продажба од фотоволтаици поставени на земја, претседателот на МЕА вели треба да се затворат четири прашања:

  1. Да се реши урбанистичко-административното прашање. Ако земјиштето не е урбанизирано, треба да се спроведе постапка за урбанизација и да се направи пренамена на земјиштето (пр. од земјоделско во градежно), процес кој, во најдобар случај, трае 6 месеци.

Притоа, треба да се има предвид дека ако станува збор за инвестиција до еден мегават, постапката се води во општините, а над еден мегават во Министерството за транспорт и врски.

  1. Да се побара приклучување на мрежа, каде што произведената електрична енергија ќе се предаде во системот. Овој процес не значи дека приклучувањето на мрежа мора да биде на најблиската приклучна точка, особено кога станува збор за инвестиции поголеми од половина мегават. Операторот на преносниот или на дистрибутивниот систем („ЕВН дистрибуција“ или „МЕПСО“) има обврска да издаде место за приклучок кога е издадена градежната дозвола. Притоа добро би било точката на приклучување инвеститорот да ја провери однапред, бидејќи неретко се случува трошокот за изградба на приклучокот да биде поголем и од инвестицијата во фотоволтаичната електрана.  
  1. Снабдување опрема, што е, исто така, постапка, бидејќи најголем дел од опремата или од деловите за опрема се увезуваат од Кина и од други азиски земји и нивната вредност зависи од моментот на испорака и од начинот на плаќање, процес кој може да трае подолго, со што се менува вредноста на целата инвестиција.
  1. Склучување договор со снабдувач на електрична енергија за продажба на произведената струја.

Имајќи ги предвид двете опции, Анѓушев вели дека секој стопанственик кој сака да инвестира за сопствени потреби треба да го направи тоа, но да ги има предвид чекорите што мора да ги спроведе и тоа дека таа инвестиција не се прави преку ноќ, туку потребен е одреден временски период. А секој што сака да инвестира во производство за продажба на струја треба да ги има предвид сите 4 прашања образложени погоре.

Но она што е значајно е дека интересот за вложување во фотоволтаични електрани во следните години може да создаде вишок струја во одредени периоди од денот и од годината, што доведува до намалување на цената на струјата и до промена на планот за враќање на инвестицијата.

 

 

 

АНЃУШЕВ ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.