Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест македонски организации во Бугарија упатуваат на манипулации и злоупотреби на тамошниот попис

0
By Mirjana on November 20, 2021 РЕГИОН
Фото: Омо Илинден Пирин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 20, 2021 12:12

Шест организации на Македонците во Бугарија сметаат дека податоците од последно спроведениот попис се „неточни, пристрасни и неупотребливи“. Ова е еден од заклучоците во писмената реакција, насловена како „Позиција на организациите на македонското малцинство во Бугарија во однос на пописот спроведен во 2021 година“. Заклучокот произлегува од нивното согледување на условите под кои е спроведен пописот а кои ги образложуваат во реакцијата.

Откриваме дека:

1. Пописот е спроведен без посебна графа ‘македонски’, во духот на официјалната политика на негирање на малцинството и третман на македонското самоопределување, како отпадништво и предавство на државата и во атмосфера на масовна антимакедонска пропаганда, силна омраза кон Македонците, многу заладени односи и масовна кампања против Р Македонија и македонската нација.

2. Се одржа во услови на одамна всаден страв – преку стотиците испратени во затворите и илјадниците интернирани, отпуштени или на друг начин мачени за време на комунизмот, поддржани од државната политика во последните децении, преку неказнетиот збор на омраза кон Македонците, насилство врз поединечни активисти, забрани за саеми, одбивања за регистрирање организации и повикување илјадници членови на македонските партии и организации и нивни блиски на распит во полициски станици.

3. Државата ништо не направи за да го намали овој страв кај народот, ниту организира кампањи за издигање на свеста за да им објаснат на луѓето дека е нивно право да се попишуваат како што сакаат и да се попишат како Македонци е дозволено, а не е кривично дело.

4. На попишувачите не им беше наложено (или барем на малкумина) да им објаснат на луѓето дека имаат целосна слобода да се самоопределуваат како што сакаат. Напротив, во многу случаи го прекршиле ова право, се расправале со луѓе или манипулирале со нив.

5. На македонските организации не им беше дозволено да спроведуваат кампања за издигање на свеста преку медиумите, охрабрувајќи ги Македонците да се самоопределат како што сакаат и без страв“, се наведува во позицијата на македонските организации во Бугарија.

По наведување на повеќе конкретни примери на прекршување на правото на самоопределување, во позицијата се заклучува: „Поради сето горенаведено и земајќи го предвид државниот став по прашањето за (не)постоење на македонското малцинство, сметаме дека податоците од пописот, воопшто, а особено за прашањата за бројот на Македонците и македонските говорители драстично ќе се намали, а состојбата ќе биде особено лоша кај повозрасните групи и помалку писмени граѓани. Сметаме дека податоците од пописот се неточни, пристрасни и неупотребливи.

Потписници на позицијата за резултатите од пописот во Бугарија се наведени организациите: ОМО Илинден-ПИРИН, ОМО Илинден, Антички Македонци, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, Здружение за заштита на основните индивидуални граѓански права, Македонски клуб за етничка толеранција во Република Бугарија, граѓанска иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и заштита на правата на граѓаните на Бугарија со македонска самосвест „Народна волја“.

 

 

 

 

 

 

МК здруженија од Бугарија укажуваат на малверзации во последниот попис шест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.