Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест нешта за рудникот во Казандол за кои сите мора да знаеме

8
By Сашка Цветковска on August 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помина една недела од референдумот во Валандово. Референдумските проблеми тивко им се протнаа на медиумите под гломазната сенка на агендата на новата влада која што, природно, го окупира медиумскиот простор. Но, поднесените приговори во Државната изборна комисија се на теми кои доколку се потврдат вистинити, претставуваат сериозно прекршување на избирачкото  правоо, а одат дотаму што во приказната е вмешана и една странска амбасада под сомнежи дека влијаела преку притисоци и закани врз правото на жителите на Валандово да гласаат слободно на локалниот референдум.

Националните медиуми или воопшто не ја покриваат приказната која ги натера жителите од гевгелиско-валандовскиот реон да одржат плејада од локални референдуми или ако веќе ја покривавме, тоа не го правевме ниту доволно ниту аналитично. Со оглед на овој факт, НОВАТВ истражи и направи избор од 6 прашања кои се важни за да се објасни што се случува во Валандово и како еден  еден локален референдум во мало гратче разбуди многу духови во светот на високата политика и крупниот бизнис.

1.Зошто референдум во Валандово

Идеите за референдум во Валандово почнуваат да се шират откако владата на ВМРО-ДПМНЕ  најавува дека ќе даде концесија за рудник на британско-украинска инвестиција за вадење бакар и произвдоство на бакарни производи во местото Казандол на само еден километар од Валандово.

Да се стопира изградбата на рудникот за катоден бакар Казандол и граѓаните на Oпштина Валандово да се изјаснат дали е потребен ваков капацитет на километар воздушна линија од градот, беа барањата на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ формирана како последица на предупредувањата на еко-експертите дека Казандол ќе загадува. Институциите се трудат да не бидат видливи по ова прашање, а во ретките моменти кога се повикувани суптилно ја заземаат страната на инвеститорот или едноставно се трудат да ги избегнат сите јавни дискусии на темата со цел да бидат невидливи во медиумите.

На ова се надоврзуваат и нетранспарентните постапки и процеси на институциите кон доделувањето на договорот, изработката на студиите за животна средиина и други процедури чијшто начин на спроведување не остава простор за  поголема доверба кај граѓаните.

Валандовскиот регион надалеку е познат по производството на органски калинки, јапонски јаболка и винова лоза, а граѓаните сакаат да продолжат да живеат во економија која ќе продолжи да го рефлектира и унапредува нивниот избор за начин на живот и заработка. Во нивната визија за иднината на нивните деца не се вклопува рудник за  бакар плодната почва.

2.Што (не) знаеме за инвеститорот

Концесионер на рудникот за бакар и бакарни производи во Казандол е компанијата Сардич МЦ. Основач на „Сардич МЦ“ е акционерското друштво „Коппер Инвестмент“. За оваа инвестиција Груевски зборува уште на почетокот на 2013 година. Инвестицијата прво ја нарекуваше „англиска“, продолжи со „англиско-украинска“ за конечно да стаса до само „украинска“. Во реалноста – со удели на македонските големостопанственици и политичари од двете држави.

Документите од централниот регистер покажуваат дека во одборот на директори е Ацо Спасеновски, поранешен амбасадор во Украина (2010-2014), поранешен министер за земјоделство и шумарство  (2006-2009) и член на Социјалистичката партија на Македонија чијшто претседател е бизнисменот Љубисав  Иванов – Ѕинго. Спасеновски дури стекна и акции во друштвото, а на почетоцоте беше само во менаџерските позиции во компанијата. Голем број од рударските инжинери ангажирани како експерти при изградбата на рудникот во „Казандол“ доаѓаат  токму од компанијата „Силекс“, која што заедно со телевизијата „Сител“ е дел од бизнис-империјата на семејството на Иванов-Ѕинго.

Во сопственоста се вмешани и украински политичари кои што биле и пратеници во Собранието на Украина за време на мандатот на Спасеновски. Иако владата на Груевски тврдеше дека инвеститорите се надалеку познати по својата работа во областа на рудата, НОВАТВ не пронајде факти кои ќе ги потврдат овие тврдења. Во периодот којшто следи пред локалните избори НОВАТВ ќе го објави своето детално истражуање за рудникот Казандол и врските со моќта и политиката.

3.Што се случи со референдумот во Валандово

На референдумот во Валандово којшто се одржа на 20 август оваа година право на глас имаа 10.141 граѓанин. За да биде успешен, потребно е на гласање да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани со право на глас.  На референдумот во Валандово излегоа 46, 1 или 4.683 граѓани. Недостасуват 387 гласа до потребните 5071 за победа.

4.Кои се приговорите на Иницијативе СОС-Спас за Валандово и Калинка

Три проблеми: притисоци, закани и уцени односно прекршувања и на изборниот молк и на изборниот ден од страна на: инвеститорот „Сардич МЦ“, претсетавници на локалната самоуправа од една политичка партија и персоналот на Украинската амбасада во земјава.

На улиците на Валандово имаше буквално војна, МВР не беше на висина на задачата, а општинската изборна комисија одржа само една  прес конференција без  ниту еден  пресек на гласовите. Референдумскиот молк беше нарушен од страна на компанијата Сардич, локални функционери и припадници на една политичка партија. Тие имаа  реклами на радио, одеа од врата на врата, агитираа и ги заплашуваа и им се закануваа на граѓаните со нивните плати и пензии. На списоците имаше и деца кои треба да гласаат дури од септември, ова бешее првата изјава на иницијативата СОС по соопштувањето на веста дека  референдумот „за малку“ е неуспешен.

Видео снимено од страна на Иницијативата СОС Спас  за Валандово на кое што се гледаат возила на украинската амбасада. Тие велат дека во ова возило е амбасадарот.

„Валандово беше под окупација, под опасада и преполнето од возила на странски амбасади, службени возила на други општини, лица кои вршеа притисоци и стоеја пред избирачките места, разни други сомнителни лица кои се возеа по градот и вршеа притисоци. Ние сите овие обвинувања ги документиравме со докази кога ги предававме преговорите. Сето тоа влијаеше на изборната волја на граѓаните, вели Роберт Марков од иницијатива СОС-Спас за Валандово во интервју за регионалната телевизија „Вис“.

5.Кој друг му кажа референдумско „не“ на Казандол

На 11 јуни годинава со над 95 проценти од гласовите на контото на кампањата против рудникот, во Дојран се одржа успешен референдум. На истиот ден и општината Богданци одржа референдум против изградба на рудникот Казандол – повторно успешен. И соседна Гевгелија одржа референдум на кој што со 97 проценти од гласовите гласаше против изградба на рудници на нивната терииторија сега и во иднина.

Најавени се и иницијативи за референдум во општината Старо Нагоричане каде што истиот инвеститор добил и втора концесија во местото викано Петрошница. А на нивната веб страница пишува дека имаат концесија и во местот Плавуш, исто така во струмичко-валандовскиот реон.

На сите места каде што се одржуваа локалните референдуми беа пријавувани притисоци и закани во размер во којшто може да помислите дека се бира доживотен претседател. Но  до референдум најтешко се стигна токму во Валандово. Советот два пати носеше иста одлука поради административни пречки на општината. Граѓанските иницијативи со собрани потписи со месеци не можеа формално да дотуркаат до референдумот во процедури кои отвараат сомнежи за многу законски злоупотреби.

6.За Казандол ама баш никој не сака да зборува

И токму кога активистите и жителите на околните градови помислија дека смената на власта ќе биде одговорот за нивните проблем – настапи таинствен молк. Новата влада во својот опозициски период посвети фин дел од своето претставување во јавноста со цел да се наметне како еколошки посвесна и погрижлива кон животната средина од претходната власт. Но, за Казандол нема елан. Не се демонстрра волја, никој не се мести пред пеналот за гол од ПР аспект ако воопшто размислуваат за континуиет во имиџот.

Напротив, министерот за економија иако срамежливо, раката сепак ја подава кон инвеститорот. Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули е единствениот кој се сретна со членовите на иницијатива СОС Спас за Валандово на средба без големо медумско покривање.

Локалната самоуправа којашто е генерално под контрола на ВМРО-ДПМНЕ стои на страната на инвеститорите. Додуша, може да се каже дека постои миминално освестување кое се должи на близината на одржувањето на локалните избори. Така, одредени општини кои важеа за тврдокорни кога беа во прашање поставувањеото пречки за одржување на локални референдуми, сега се фалат со одбивања на понуди од инвеститори. Минатата недела дојранскиот градоначалник рече дека го одбил барањето на Министерството за економија за нова инвестиција – рудник.

Кампањата „про-рудници“ зема замав во своето претставување. Имајќи ги помоќните на своја страна тие организирааат трибини со министри, асоцијации на рудари и слично каде што се претставуваат алтернативни факти за тоа како модерната технологија на вадење и преработка на руда вусшност не загадува. На ова еко-активистите одговараат со аргументите дека е опасно во 21 век да се тврди дека користење на цијанид во преработка на руда не загадува. Тие се жалат дека постојани се приморани да водат дебати за факти кои веќе ги утврдила науката.

Теориите на заговор веќе плетат приказни, но има и аргументирани тези за спрегите помеѓу централната власт, локалната власт и големиот бизнис.

На територијата која ја зафаќаат делови од општините Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија се кријат 33 милиони тони рудно богаство, според македонските релевантни институции. Се планира нивна експлоатација во следните 20 години. Но мнозинството жители кои живеат овде се противат на тешката индустрија и отворениот ископ на тешки метали. Тие сметаат дека е загрозено нивното здравје, нивното право на здрав живот, но и сите земјоделски производи кои ги хранат нивните сограѓани во Македонија. Но,  најважно од се велат тие – никој нема право да им кажува дека не треба да живеат онака како што сакаат – без никого да повредуваат и во хармонија со природата.

 

Ацо Спасеновски Казандол Коппер Инвестменте Рудници Сардич МЦ СОС Спас за Валандово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.