Шестмина загинати, околу 650.000 луѓе останале без електрична енергија и греење, цели области се блокирани по снежната бура која ги зафати САД.

Брзината на ветарот на одредени делови достигна над 100 километри на час, некои области во Масачусетс се евакуирани.

Снежната покривка во државите Њујорк и Конектикат надминала 60 сантиметри, а во Бостон, каде што се очекува најсилниот удар на бурата, би можела да достигне и двојно повеќе.

Железничкиот сообраќај е во прекин од Њујорк кон север, како и во правец на Вашингтон.

Откажани се повеќе од 5.300 летови на околу 60 аеродроми. Само неколку авиони денеска успеале да слетат на трите њујоршки аеродроми.