Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеста жртва од новиот вирус во Кина – СЗО утре со можна вонредна состојба

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2020 14:03

Опасниот корона вирус ја зема шестата жртва, а досега се заразени 300 луѓе, јави „Би-Би-Си“. Кинеските здравствени власти ги предупредија надлежните на пониско ниво,  да не го прикриваат ширењето на заразната болест.

Светската здравствена организација (СЗО) за  утре(среда) свика вонреден состанок за да процени дали треба да се прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.

Агенцијата на ОН го најави состанокот откако се потврди дека корона вирусот се пренесува од човек на човек.

Комитетот за вонредни состојби на СЗО може да издаде препораки за здравствена политика и да повика на меѓународни мерки за објавување глобална вонредна состојба, заедничка соработка и финансирање во борба против вирусот.

Стручниот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е регистриран пренос на новиот корона вирус од човек на човек, откако две лица од провинцијата Гуангдонг биле заразени преку контакт. Најмалку 15 лица, медицински персонал во Вухан, од каде што почна да се шири вирусот се заразени, а еден е во критична состојба.

Корона вирусот излезе од границите на Кина. Здравствените власти во Квинсленд стравуваат дека во Австралија има прв случај на човек заразен со смртоносниот корона вирус и дека заболениот е ставен под карантин.

Станува збор за маж кој неодамна се вратил од Кина со симптоми на респираторна болест. Властите ги чекаат резултатите од анализите, кои треба да утврдат дали заболениот е заразен со опасниот корона вирус, кој ги напаѓа белите дробови. Во Австралија е најголем број на туристи се од Кина, околу еден милион годишно.

Случаи на заразени со корона вирусот се идентификувани во Тајланд(два случаи), еден во Јапонија, еден во Јужна Кореја и еден во Тајван. Сите инфицирани неодамна се вратиле од Вухан.

Многу земји ги зајакнаа контролите над лицата што пристигнуваат од Кина. Најмалку три аеродроми во САД почнаа да ги прегледуваат патниците што пристигнуваат од тоа подрачје, на луѓето им мерат температура уште во авион или на аеродром.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг ќе го спречи ширењето на епидемијата предизвикана од коронавирусот.

– Животот и здравјето на луѓето треба да бидат приоритет и ширењето на епидемијата треба одлучно да се сузбие, изјави Си.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Корона вирусот припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром). Новиот вирус спаѓа во истиот тип корона вируси кои предизвикуваат тежок акутен респираторен синдром како САРС.

Во епидемијата на САРС во 2002 и 2003 година починаа речиси 800 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.