Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Доаѓа крајот на кумските врски и „сваровски“ судството

0
By Нова ТВ on April 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ денеска најави дека еден од приоритетите на новата влада ќе бидат темелни реформи во судството и обвинителството, за како што велат, обезбедување независен судски систем и правда за сите.

-Изборот на новата реформска Влада значи крај за „сваровски судството“. Новата власт значи крај за судии избрани од тевтерчиња кои ги штитат криминалите на Никола Груевски раководството на ВМРО-ДПМНЕ и носат нарачани судски пресуди против политички неистомисленици. Груевски и соработниците знаат дека промените носат и крај за балските интервенции кај државниот обвинител Марко Зврлевски, за кумските врски како онаа на Трајко Вељаноски и Јово Вангеловски, за кадровските пајажини во судството што ги прават Груевски и фамилијата и сега на заминување, како што се последните примери на смени во Кривичниот суд, рече портпаролот на партијата Петре Шилегов, на денешната прес конференција.

Тој најави дека веднаш по изборот на владата ќе предложат продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, ќе се донесат измените на Законот за заштита на сведоци кои ги побара СЈО и ќе се обезбеди поширока поддршка и мнозинство за воведување на специјализирано одделение во судот, за постапување по предметите што се во надлежност на СЈО.

Шилегов најави и темелни реформи во Судскиот совет, измени на Законот на судови заради воведување јасни критериуми за избор, напредување и разрешување на судиите, како и темелни реформи во јавното обвинителство.

Тој во име на партијата ги повика сите вработени во јавните установи и правосудниот систем да бидат свесни за нивната одговорност и историскиот момент во кој живеат:  да ја работат својата работа професионално, неселективно и според законите и да не се става во заштита на криминалот и криминалците.

СДСМ; реформи судство СЈО Шилего
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.