Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Додека сум градоначалник, нема да дозволам зграда на плоштад

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: ekonomski.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На површина од 5.000 квадратни метри и инвестиција од 33 милиони денари е уреден просторот во центарот на Скопје, на потегот од плоштадот кон влезот во Градскиот трговски центар. Инвестицијата не е на Градот, туку, како што рече градоначалникот Петре Шилегов, на совесни граѓани на Скопје кои сакале да помогнат да го уредат девастираниот простор.

Се работи за приватен простор и затоа Градот не можел да инвестира за да го уреди со јавни пари, но Шилегов истакна дека нема да дозволи додека е прв човек на главниот град на тоа место кое отсекогаш било јавен простор за граѓаните да биде изградена 20 метарска зграда. Претставувајќи го уредениот простор со тревник, тој денеска ги повика и граѓаните во одбрана, а побара и од надлежните институции и Јавното обвинителство заштита со поништување на продажбата и враќање на сопственоста онаму каде што просторот припаѓа.

„Ова е простор на Град Скопје. Ова не е простор на кој ќе треба да се прават луди барокни експерименти. Овој тревник, за жал, во 2012  година бил продаден од тогашната власт и на овој простор треба да никне 20 метарска, можеби и повисока, зграда, а на аголот кај стоковната куќа улицата да биде широка помалку од три метри. Ова е приватен простор на кој Град Скопје не можеше да инвестира со цел да го уреди. Меѓутоа, додека сум јас градоначалник, заедно со градоначалникот на Општина Центар, ќе се грижиме овој простор да остане јавен и со цела политичка структура која ја претставуваме ќе стоиме во негова одбрана и нема да дозволиме овде да биде изградена зграда“, изјави Шилегов.

Смета дека фактотот што ЈО нашло елементи да покрене постапка за кривична одговорност на 11 инволвирани лица зборува, рече тој, дека продажбата била сомнителна, а и за фактот дека тука не треба да има зграда. Очекува дека Обвинителството и судовите „ќе почнат да си ја вршат својата работа онака како што треба и по основ на донесени кривични пресуди за криминалната продажба на плоштадот“.

„Скопје е единствен град во светот во кој е продаден плоштадот. Откако ќе се врати во државна сопственост, ќе може да размислуваме како да го преуредиме овој простор“, рече Шилегов.

Демантираше дека судски е донесена одлука во корист на сопственикот и одговори дека земјиштето на тој простор никогаш не е предадено во владение на, како што рече, таканаречените сопственици.

„Ова никогаш го немаат добиено во владение и бидејќи го немаат владението, не можат ни да го оградат. Нека пробаат да го оградат, па да видат што ќе ги најде, додаде градоначалникот.

За новиот простор рече дека заедно со зелениот покрив на ГТЦ претставува нов стандард за изглед на јавниот простор во главниот град. Соопшти дека се употребени три вида плочки, а просторот е дополнет со клупи и засадени 22 повеќегодишни дрвја. Првпат има и патека за движење на лица со оштетен вид.

Во тревникот е плочата на местото каде што била куќата во која е родена Мајка Тереза, а во близина се и три елки кои нобеловката ги засадила во 1980 година при посетата на Скопје, заедно со тогашниот скопски градоначалник и бискуп на Католичката црква.

Во однос на реакцијата на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од каде вчера побараа да се овозможи пристап до спомен-плочата за Мајка Тереза, Шилегов одговори дека Градот нема право да инвестира и, како што рече, да троши јавни пари за приватна парцела. Повтори дека во уредувањето на просторот што денеска го промовираше Градот нема инвестирано јавни средства.

„Како што кажав и вчера, ме интересира зошто некој дозволил местото каде што била куќата на Мајка Тереза да биде продадено. Зошто не ја спречил продажбата кога тогаш, веројатно, имал и влијание и моќ. Треба да се реагира на двојните критериуми во нашето опшстетво. Во политиката сум седум години и немам видено реакција, вклучително и од Институтот, дека бил против или ја стопирал продажбата каде што е местото на куќата на Мајка Тереза“, додаде Шилегов.

Град Скопје зграда Петре Шилегов плоштад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.