Ѓорге Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев, рече денеска на прес конференција, Петре Шилегов.
„Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик. Со своето однесување, Иванов и во овој случај, како и претходно со аболициите, јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски. Со тоа Ѓорге Иванов ги доведува во опасност и граѓаните и државата“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Шилегов денеска не одговори на новинарско прашање, дали СДСМ веќе собира потписи за да го добие мандатот. Додека пак за условите кои ги побара Иванов за да го додели мандатот, Шилегов рече „дека ниту во Уставот, ниту во Законот за влада, не постои обврска на мандатар да презентира било каква програма до Ѓорѓе Иванов. Програмата се презентира до пратениците и таа е предмет на усвојување од страна на Собранието, не од страна на Иванов“.