Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: На тротоарите на Бит пазар нема да има диви тезги

0
By Нова ТВ on May 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 16, 2018 13:55

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека градските власти нема да отстапт од намерата да ги расчисти тротоарите на Бит-пазар од сите препреки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот за сите учесници – пешаците, велосипедистите и возачите.

На денешната прес-конференција со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека со отстранување на нелегалните продавачи на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кај Бит-пазар, ќе се реши овој долгогодишен проблем. Тој ги повика продавачите кои овие неколку дена ги блокираат улиците, да ја прифатат подадената рака и да продолжат да работат во рамките на Бит-пазар користејќи ги поволностите кои им се овозможуваат.

-Досега остваривме неколку средби со продавачите на дивопоставените тезги кај Бит-пазар. Од почетокот на февруари годинава постојано сме во контакт и остварувавме средби со претставници на тие продавачи. Делевме и летоци со кои информиравме за придобивките што Градот им ги овозможува на тие продавачи. Имавме и заедничка трибина на која присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, претставници од „Скопски пазар“ А.Д Скопје и еснафите од Старата скопска чаршија која се одржа во Занаетчиската комора пред повеќе од еден месец. Овозможивме бесплатни тезги за два месеца за продавачите што ќе влезат во пазарот и ќе продолжат да работат на тие тезги. Овозможуваме сите да бидат еднакви, со еднакви услови за работа на пазарот. Отворено кажувам дека еднакво внимание укажуваме за развој на двете страни на Вардар. Правилата и редот мора да важат насекаде, рече Шилегов.

Според Шилегов за околу 30 продавачи на дивопоставени тезги на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кои имаат поволности да добијат бесплатни тезги на Бит-пазар. Во моментов на Бит-пазар има 130 слободни тезги кои можат да ги добијат овие продавачи.

-Не сакаме никого да оставиме без работа или да го спречиме да си ја продава стоката. Затоа предвидуваме транзициски период со бенефиции за да може секој да се снајде. Овој чекор го преземаме со цел да ги вратиме купувачите во чаршијата и на пазарот и да овозможиме полесна пристапност до тезгите и до дуќаните. Воведувањето ред на ова место значи и поголема безбедност и пофункционален град. Јас немам обврска да овозможувам бесплатни тезги за пазарџиите, но имам обврска да ги уредам тротоарите, и да им овозможам на граѓаните пристапност до пазарот. Во моментов постојат нефер услови меѓу продавачите на нелегалните тезги на тротоарот и продавачите во пазарот. Наша обврска е да обезбедиме еднакви услови за сите. Пазарџиите во пазарот и дуќанџиите во чаршијата редовно плаќаат за изнајмување на тезгите и дуќаните, додека продавачите на дивопоставените тезги ем сакаат да имаат ексклузивни места за продажба, ем сакаат да не изнајмат тезги, рече Шилегов.

Бит пазар диви продавачи тезги Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.