„Се раѓа ново Скопје“, изјави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.
Тој рече дека резултатот е јасен и дека СДСМ го доби Скопје уште во првиот круг.
„На изборите победија граѓаните. Македонија добива главен град кој поврзува, главен град кој работи за граѓаните. Овој резултат за мене претставува голема чест, но и уште поголема обврска. Новата градска администрација што ќе ја предводам ќе биде сервис на граѓаните – раче Шилегов. “, рече Шилегов.
Тој рече дека очекува по прес-конференцијата, неговиот противкандидат Коце Трајановски да го признае поразот на локалните избори и да му се јави и да му ја честита победата.
Според првичните неофицијални информации на ДИК, Петре Шилегов освои 137.566 (50,29 отсто), а Коце Трајановски 98.617 гласови (36,05 отсто).