Кога правдата е во прашање, мислам дека граѓаните знаат дека сме во борба со остатоците на она што беше „сваровски судство“. Заради тоа, можеби, не можеме во оваа фаза до крај да ја спроведеме правдата која толку насушно е потребна во нашето општество. Тоа е следниот таргет за по изборите, вели градоначалникот на Град Скопје во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Град Скопје, вели Шилегов, во 2020 година ќе биде фокусиран на веќе отпочнатите проекти како „пластичарската“ улица, во завршна фаза се булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и булеварот „Босна и Херцеговина“. При крај, според градоначалникот, е првата фаза од булеварот АСНОМ, буџетирани се средства за мостот во Карпош 4, во програмата е влезена и Универзална сала, забавниот парк, итн.