Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Сите сме на иста страна во борбата со пандемијата од коронавирусот

0
By НОВА ТВ Balaban on September 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зимата е пред нас, новиот бран на коронавирусот повторно ја прави состојбата критична, и покрај вакцинацијата на населението која се одвива во полна пареа. Затоа мораме да бидеме чекор пред времето и да изнајдеме нови начини и модалитети за пребродување на периодот што следи, рече Шилегов

Градоначалникот Петре Шилегов денеска учествуваше на Првата годишна конференција што ја организира Министерството за финансии на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“, каде што имаше можност да размени искуства од досега преземените мерки,  како и можните опции за  понатаму, во однос на предизвикот што го наметна пандемијата со коронавирусот.

– Како што кажува самиот наслов на денешнава конференција, се наоѓаме на иста страна и ние претставниците на јавните институции на извршната власт и локалната самоуправа кои работат во служба на граѓаните, но и претставниците на бизнис секторот, меѓународните партнери за развој, експертската јавност, граѓанските организации кои исто така работат со граѓаните и за граѓаните. Целта на оваа конференција е да поттикне синергија на идеи и иницијативи од креаторите на политики и сите овие засегнати страни за подобрување на политичкиот дијалог за економски и финансиски теми од национално, регионално, но и  од локално значење. Пандемијата на коронавирусот ги затекна сите држави и сите градови  во светот речиси неподготвени.  Сите знаеме дека самиот факт што се справуваме со нов и опасен вирус, за сите нас значеше дека не постои универзална процедура за справување со здравствените и економски последици, која сите треба да ја следиме. Тоа во превод значеше дека бевме принудени да импровизираме со брзи промени на системот на сите нивоа коишто освен буквалното спасување на животите и здравјето на граѓаните, треба да ја спасат нивната социјална сигурност преку справување со економските последици кои понекогаш подразбираат кратење на плати, отпуштање на работна сила, појава на сива економија и ред други непопуларни појави – рече Шилегов, информираа од Град Скопје

Тој додаде дека Град Скопје на почетокот на април минатата година одржа седница на Советот на која беа усвоени низа мерки со кои Градот се обиде  да и помогне на локалната економија, особено во делот на градежништвото и угостителството.

– Во делот на градежништвото се откажавме привремено од изградбата на Луна Паркот, започнавме градежна офанзива на изградба и реконструкција на над 20 градски сообраќајници со цел да ги помогнеме домашните фирми во областа на градежништвото, овозможивме комуналите да можат да се плаќаат на 18, наместо на досегашните 12 рати. Дополнително олеснување кое ги засегаше најмногу угостителите беше намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон) за цела 2020 година; ја намалуваме фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020 (што исто така е законски минимум). Онаму каде што дозволуваа просторните услови дозволивме и поставување на дополнителни маси на јавните површини, со цел да овозможиме угостителите да го запазат потребното растојание меѓу масите. Им препорачавме на Училишните одбори закупувачите на простор во средните училишта  да бидат ослободени од месечните кирии за целокупното времетраење на вонредната состојба – кажа Шилегов во своето обраќање пред присутните.

Тој дополни и дека, за жал,  како локална самоуправа, во рамките на постојните законски определени надлежности, градот има сериозно лимитирани можности за воведување на дополнителни мерки кои би ги олесниле економските последици.

– Зимата е пред нас, новиот бран на коронавирусот повторно ја прави состојбата критична, и покрај вакцинацијата на населението која се одвива во полна пареа. Затоа мораме да бидеме чекор пред времето и да изнајдеме нови начини и модалитети за пребродување на периодот што следи. Во овој дел сакам помалку да зборувам, а повеќе да слушам. Она што можам да го кажам од оваа позиција и од оваа временска дистанца е тоа дека Град Скопје останува отворен за соработка да помогне во рамките на своите можности и надлежности. Се надевам дека тоа што ние го преземаме во делот на мерките за олеснување на економските последици од пандемијата, заедно со мерките кои ги презема Владата,  барем малку ќе го олеснат функционирањето на бизнис секторот кој е единствениот сектор кој создава вредност во секоја економија. Убеден сум дека и преку размената на идеи во рамките на оваа конференција сите заедно ќе придонесеме кон подобрување на кохерентноста на политиките и зајакнување на процесот на планирање на буџетот. Препораките за политики и вредните сознанија што ќе произлезат од неа ќе послужат како важен инпут во фазата на формулирање политики за следната година, но и на подолг рок- истакна Шилегов.

Шилегов нагласи и дека, за жал, во вакви тешки времиња губат сите, и како граѓани, и како институции на системот, и како компании кои вршат некаква стопанска дејност, па затоа сите заедно треба и мора да се вклучиме во изнаоѓањето на оптимални решенија што  ќе ни го олеснат животот, затоа што на крајот на денот сите сме од иста страна.

 

 

„Економско заздравување и раст по Ковид” Петре Шилегов последици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.