Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција повтори дека во главниот град нема да се градат кампови за мигранти, ниту во Визбегово, ниту на друга локација и дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести дека ќе се градат бегалски кампови, поради обвиненијата против поранешните функционери од партијата.
„ ВМРО-ДПМНЕ и дел од медиумите блиски до нив, градат бегалски кампови во Република Македонија во последниве две години кога криминалното раководство на таа партија почна да го губи тлото под нозете со цел да се спаси од затворските казни и да направи хаос и страв кај народот“ рече Шилегов.
Во градот Скопје има 452 бездомни лица. Капацитетот во Визбегово во моментов може да згрижи околу 80 од нив. Шилегов рече дека очекува оти оваа човечка димензија да не биде злоупотребувана за политички дневни спинови.