Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Схинас: ЕУ е целосно посветена да одговори на грижите што ги имаат младите луѓе

0
By Marija Todorovska on January 10, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ е целосно посветена да одговори на грижите што ги имаат младите луѓе и да го зајакне нивниот глас на претстојните избори за членови на Европскиот парламент во јуни, порача денеска потпретседателот на Европската комисија за промоција на европскиот начин на живот Маргаритис Схинас на прес-конференција во Брисел на која беа претставени резултатите и постигнувањата за време на „Европската година на младите 2022“ и идните активности на Унијата поврзани со младите.

– Кога ќе видиме млади луѓе како гордо ги носат европските знамиња на улиците на Белград, Киев, Тбилиси и Кишињев, тоа е показател дека во јасната европска перспектива тие гледаат  најдобра гаранција за нивниот начин на живот и за моделот на општество за какво се залагаат, изјави Схинас.

Според него, во исто време, ЕУ сака да им овозможи на оние млади луѓе кои ја имаат привилегијата да живеат во нејзините граници, да станат и да говорат за слободата, мирот и демократијата, за отворените граници и за мобилноста.

– Се надевам дека младите Европејци во јуни ќе бидат ѕидот за одбрана на демократијата од омразата и популизмот кои се закануваат да ја нападнат Европа, нагласи Схинас.

Тој посочи дека не само 2022-та, туку и сите идни години треба да бидат години на младите луѓе во Европа, каде младите Европејци имаат единствена перспектива и силен интерес за учество во носењето на политички одлуки.

– Важно е да може да се слушне нивниот глас и тоа не само на претстојните европски избори, кои се од суштинско значење за иднината на Европа, истакна Схинас.

Еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова на истата прес-конференција посочи дека младите се лидери на иднината, но и носители на промените на денешните состојби, па затоа од суштинска важност е нивната вклученост во одлучувањето, бидејќи тие ќе живеат со последиците од тие одлуки.

– Ова е причината зошто на младите им даваме посилен глас во креирањето на политиките на ЕУ и повеќе се посветуваме на областите важни за нив. Ова е нашата заложба за градење подобра иднина за следната генерација, додаде Иванова.

Схинас и Иванова најавија дека како надоврзување на достигнувањата на „Европската година на младите 2022“, Европската комисија денеска донела одлуки за преземање неколку активности со кои ќе им овозможат на младите поголемо право на глас во носењето одлуки за прашања што ги засегаат и за продлабочување на младинската димензија во политиките на ЕУ.

– Ставајќи ги потребите на младите во центарот на вниманието, овие активности ги ангажираат младите на значаен начин пред европските избори во 2024 година и во иднина, порача Европската комисија, нагласувајќи дека при дизајнирање на европските политики ќе се потруди систематски да биде земено предвид нивното влијание врз младите.

Предвидено е со овие активности да се надополнат неколкуте механизми поврзани со младите во рамките на Стратегијата на ЕУ за млади 2019-2027 година, да се организираат политички дијалози меѓу младите луѓе и еврокомесарите и неколку тркалезни маси со учество на младите, како и да се воспостави нова платформа што ќе ја олесни континуираната размена на мислење и комуникација меѓу младинските организации, младите истражувачи, државните претставници и други институции на ЕУ.

Комисијата, исто така, ќе го зајакне и Младинскиот дијалог на ЕУ, како најголем механизам за младинско учество во Европа, чиј фокус е насочен кон работната програма на ЕК.

Само 25 проценти младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени за време на нивното формално образование во текот на 2022 година, три отсто биле регистрирани како невработени,

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Еврокомисијата предлага конкретни активности поврзани со младите во сферата на здравјето и благосостојбата, животната средина и климатските промени, образованието и обуката, меѓународната соработка и европските вредности, како и вработувањето и инклузивноста.

Како дел од овие мерки, Комисијата, предлага да продолжат активностите за воведување на единствена европска диплома во согласност со Европската стратегија за универзитетите, потоа да се воспостави редовна комуникација и консултации со младинските организации од целиот свет преку Платформата за младински дијалог за надворешни работи на ЕУ, да се обезбеди правично наградување и пристап до социјална заштита, да се изработат упатства за подобрување на условите во училиштата, да се спроведе кампања меѓу младите за значењето на заштитата на климата и демократијата пред европските избори во 2024 година, да се зголемат можностите за волонтерски активности на младите луѓе поврзани со зелената транзиција, како и за да им се помогне на обесправените млади на возраст од 18 до 29 години да се интегрираат во општеството и пазарот на труд, преку обука поврзана со работа во странство.

Со цел да ја приближи ЕУ до младите луѓе, ЕК во периодот од 12 до 19 април 2024 година ќе организира „Европска недела на младите“, при која фокусот ќе биде на демократското учество и гласањето пред изборите за Европскиот парламент.

– „Неделата“ ќе го слави и промовира младинскиот ангажман, вклученоста и активното граѓанско учеството преку низа активности низ цела Европа, посочи Европската комисија.

Во рамки на „Европската година на млади 2022“ беа спроведени над 13.000 активности организирани од повеќе од 2.700 субјекти, меѓу кои и институциите на ЕУ, земјите членки и организациите кои работат со и за младите луѓе. При овие активности, Комисијата идентификувала повеќе од 130 политички иницијативи поврзани со младите луѓе, од кои повеќето биле реализирани во тесна соработка со нив.

ЕУ избори млади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.