Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Широка поддршка на Европскиот парламент за заштита на свиркачите

0
By Светлана Јовановска on October 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент (ЕП) им даде широка поддршка на свиркачите усвојувајќи го извештајот на француската пратеничка Виржини Розиер со 399 гласа за, 101 против и 166 воздржани. Извештајот ја повикува Европската комисија (ЕК) да предложи, што е можно побрзо, зајакната заштита на лицата што пријавуваат информации од јавен интерес и придонесуваат во борбата против корупцијата и криминалот.

Свиркачите, да потсетиме, се лицата кои решиле пред јавноста да го објават криминалот и корупцијата. Правејќи го овој чекор, овие свиркачи често се соочуваат со отпуштање од работа, дисциплински мерки и тужби.

“Дефиницијата за свиркачите што извештајот ја предлага треба да покрие широк спектар ситуации. Секогаш кога едно лице ќе открие информација од јавен интерес, тоа лице треба да биде заштитено”, вели пратеничката од редовите на Радикалната левица.

Француската пратеничка Виржини Розиер

Според неа, свиркачот мора да има ефикасна заштита за да биде свиркач. Оттука, “покрај јасните процедури што треба да бидат воведени во претпријатијата и институциите, на свиркачот треба да му се овозможи информацијата директно да ја пренесе на медиумите или граѓанското општество особено кога се работи за проблемите штетни за здравјето и животната средина”, вели Розиер.

За жал, овој извештај не ја доби поддршката на најголемата политичка група во ЕП – демо-христијаните. Освен неколкумина пратеници од нивните редови коишто одлучија да не ги следат партиските директиви.

Според оваа партија, извештајот може да охрабри лажни информации и пријавувања. Партијата предложи амандмани што беа одбиени како на пример тој што бара свиркачите своите информации да ги изнесат прво во фирмата на која информацијата се однесува а потоа кај медиумите и јавноста.

Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари

Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари, за НОВА вели дека ЕК повеќе нема избор:

“Ќе мора да работи на европска директива која гарантира високи стандарди за заштита. Притисокот е силен. Одвај 15 отсто од пратениците гласаа против извештајот на Виржини Розиер кој предлага силна заштита. Трите амандмани на групата на демо-христијаните беа одбиени. Тоа е јасна порака на Парламентот до Комисијата”, вели тој.

И додава дека повеќе од 5.000 лица и организации учествувале на јавната дебата организирана од Комисијата на оваа тема:

“Ние бараме објавување на резултатите на оваа јавна консултација и бараме од Комисијата да предложи, без одлагање, текст на директива во согласност со високите стандарди за заштита од извештајот. Сега се очекува од комесарката Вера Јурова, претседателот Жан-Клод Јункер и потпредседателот Франс Тимерманс да тргнат во акција. И тоа брзо. Повикот на граѓанското општество, професионалците од медиумите и Парламентот се јасни и недвосмислени. Повеќе не е време за дебата. Време е да се почне со акција”, вели Гутиерез.

Европската јавност беше сензибилизирана по избувнувањето на скандалот ЛуксЛикс за даночна корупција во кој токму свиркачите беа судени и осудени.

Комисијата вети дека во првата половина на 2018 година ќе излезе со предлог, изјави Димитрис Аврамопулос.

Во Македонија најпознатиот свиркач е Ѓорѓи Лазаревски, човекот кој овозможи јавноста да ги чуе “бомбите” за начинот на владеење на минатата власт.

Виржини Розиер Европска комисија Европски парламент заштита свиркачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.