Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу соопшти дека поголем дел од самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република е „ослободен“, долж јужниот брег на реката Северни Доњецк за време на руската специјална воена операција во Украина.

Тој нагласи дека со „ослободувањето“ се опфатени градовите Свјатогорск и Красниј Лиман, како и уште 15 други населени места, пренесува агенцијата ТАСС.

„Значителен дел од Доњецката и Луганската Народна Република е ослободен, долж левиот брег на реката Северни Доњецк, вклучувајќи ги и градовите Свјатогорск и Красниј Лиман, како и уште 15 населени места“, наведе Шојгу.

Шојгу истакна дека „целосно се ослободени станбени области во Севернодоњецк, како и дека во тек е офанзива на Попасни“.

Меѓу најголемите населени места кои, како што рече се „ослободени“, го спомена Студенок, Јароваи, Кировск, Јампољ и Дробишево.

Рускиот министер за одбрана прецизира дека „97 отсто од Луганската Народна Република е ослободено досега“.

Шојгу истакна и дека се деминирани украинските пристаништа во Берданск и Мариупол и дека се подготвени да продолжат со испораката на житарки, пренесува „Ројтерс“.