Во атинскиот кварт Ексархија, познат како центар на ахархистите, вечерва дојде до жесоки судири на припадниците на специјалната полиција и демонтстрантите, кои учествуваа во протестниот марш по повод 42- та годишина од бунтот на Политехничкиот универзитет.
Судирот го предизвикале демонстрантите кои почнале да фрлаат со камења и молотови коктели, и да превртуваат контејнери за смет, на што полицијата возвратила со шок бомби.
Илјадници луѓе денеска во повеќе грчки градови излегоа на улиците да го одбележат годишнината од студентскиот бунт од 1973 година, што крваво бил задушен од тогашната хунта. На тој ден биле убиени 20.000 луѓе и воедно претставува почеток на крајот на хунтата која била на власт од 1967 година, бидејќи седум месеци по бунтот била воспоставена демократија.




