Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц: Германија ќе ја има најголемата конвенционална европска војска во НАТО

0
By НОВА ТВ Terziova on June 28, 2022 СВЕТ
Фото: timesofisrael.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија е на пат да ја изгради најголемата европска конвенционална војска во НАТО, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Германија, заедно со САД, во моментов „секако го дава најголемиот придонес” за НАТО, изјави лидерот на социјалдемократската партија за телевизија АРД по самитот на Г-7.

– Најголемата конвенционална армија на НАТО во Европа е во изградба и тоа е важно за севкупните одбранбени способности на Алијансата, рече Шолц за време на разговорот.

По руската инвазија на 24 февруари, германската влада најави формирање на вонреден фонд вреден 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот.

– Во просек ќе трошиме меѓу 70 и 80 милијарди евра годишно за одбрана, додаде канцеларот. – Германија тогаш ќе биде земјата која ќе инвестира најмногу во оваа област, потенцира Шолц.

Водечката европска економија на тој начин сака да обезбеди одбрана на својата територија и исполнување на обврските кон НАТО и целта од 2 отсто од БДП за одбрана.

Одвојувањето на 100 милијарди евра за националната армија е голема промена во германската политика, која пред руската инвазија заостануваше зад другите земји во постигнувањето на целта за издвојување два отсто од буџетот за одбрана, што беше критикувано и од Вашингтон.

Германија значително ја намали својата војска од Студената војна, од 500.000 во времето на обединувањето во 1990 година на 200.000 денес.

 

Германија Олаф Шолц руска инвазија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.