„Западот ќе ги искористи сите расположливи ресурси за да осигура дека конфликтот во Украина нема да се прошири во другите земји во Европа“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во денешното телевизиско обраќање до нацијата.
Путин не треба да ја потценува решеноста на НАТО да ги брани сите свои членки. Ова експлицитно се однесува на нашите партнери во НАТО во балтичките земји, Полска и Романија, Бугарија и Словачка. Без „ако“ и „без но“, порача Шолц.
Шолц додаде дека рускиот претседател Владимир Путин лично, а не рускиот народ, сноси одговорност за нападот на Украина, но дека нема да победи.
„Напаѓајќи ја Украина, претседателот Путин сака да го врати времето назад. Но, нема враќање назад во 19 век, кога големите сили владееја над помалите држави“, рече Шолц.




