Бошко Нацевски: Утринава ја зедов метлата, да заметам пред куќата на “Шопенова”.
Па се предомислив. Си реков, да не намине случајно претседателката, ќе и остане празна вреќата.
А помислив и на фоторепортерите и камерманите, не ќе имаа што да фатат со објективите.
Ќе немаа среќа да ја уловат претседателката со полна вреќа.
Инаку, за ваша, додуша небитна информација, во “Шопенова”, барем пет години не наминала цистерна, да му го измие лицето на гението.
Среќа е што подврнува, па го лепи ѓубрето на асфалтот, како Шопен нотите во сонатите.
Каква трагичност, со култно име на генијалецот, композиторот, да крстат улица во град чии жители живеат со манирите на опинокот.
Можеби сепак ќе ја имаме среќата, претседателката да ни гостува со вреќата.
А градоначалниците се преокупирани со висока политика, многу не се грижат ни за хигиена, ни за музика.
Опинок логика.
Извор Фејсбук



