Според официјалните резултати од пребројани 80 проценти од гласовите, владејачката Народна партија на премиерот Мариано Рахој е победник на вчерашните парламентарни избори во Шпанија.
Таа ќе има 124 пратеници, додека Социјалистите 97, по што следуваат Подемос со 70 и десничарските Граѓани со 31 пратенички мандат.
Иако победник, конзервативците немаат апсолутно мнозинство во Парламентот како досега. Засега единствен можен коалиционер на Рахој с едесничарите од
Граѓани, иако нивниот лидер изјави дека нема намера да коализира со ниту една од големите партии.
Според аналитичарите, овој јаз би можел да се премости доколку кандидат за премиер е некој друг, а не Рахој.
Резултатите според нив покажуваат дека ова е крај на двопартискиот политички систем во Шпанија кој владее од крајот на диктатурата на Франко во 70-тите години од минатиот век.



