Шпанската Влада соопшти дека ја почитува одлуката на германскиот суд, кој денеска го отфрли барањето за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон.
– Владата никогаш не коментира судски одлуки, особено кога станува збор за судски одлуки донесени во друга земја, и секогаш ги почитува, без оглед дали ги одобрува или не, изјави портпарол на Владата.
Суд во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн денеска донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пучдемон, со кауција од 75.000 евра.
Според одлуката на Судот, 55-годишниот Пучдемон ќе остане на слобода се до донесувањето одлука по барањето на шпанските власти за негова екстрадиција во Шпанија, каде е обвинет за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на државни средства за организирање на ланскиот референдум за независност на Каталонија.




