Шпанија размислува за уставни измени кои би дозволиле регионите да одржуваат референдуми за нивна независност во иднината, вели министерот за надворешни работи на Шпанија.
Министерот Алфонсо Дастис изјави за „BBC“ дека за тоа може да се одржи гласање на ниво на целата земја.
Овој потег е во однос на настаните во Каталонија, каде што регионалната влада беше отповикана, откако еднострано прогласи независност.
Протести се одржуваат против притворите за поранешните министри од регионот.
Во меѓувреме, шпанскиот Уставен суд го нарече прогласувањето на независност „неуставно и нелегално“.
– Ние направивме комисија во парламентот за да ја истражиме можноста за менување на уставот, за да може подобро да ги третира целите на некои од Каталонците – рече Дадтис за BBC.
– Ние признаваме дека постои политичка ситуација која заслужува да биде воочена, но во секој случај, јасно е дека таа одлука мора да биде донесена од сите Шпанци – додава министерот.
Тој исто така вели дека жали доколку луѓето се повредиле за време на забранетиот референдум, но дека немало непропорционална примена на сила.




