Кошаркарската репрезентација на Шпанија во големото финале на Евробаскетот 2015 ја доби Литванија со резултат 80-63 со што стана нов европски шампион.
Шпанците доминираа од првиот до последниот момент во вечерашниот дуел кој се одигра во француски Лил, потврдувајќи ја неверојатната доминација во последната деценија во европската кошарка, со победи на три од последните четири шампионати.
Литванците по шест минути игра веќе губеа со двоцифрена бројка.
Најкорисен во редовите на шпанската „фурија” беше Пaу Гасол со 25 поени, 11 скока и 4 асистенции и речиси сигурно ќе биде прогласен за МВП на ЕП. Фернандез реализира 11 поени, додека Љуљ постигна девет.
Кај Литванците, Сеибутис и Калниетис постигнаа по 13 поени, а Валанчиунас заврши со 10 поени.
Претходно, Франција по празот од Шпанија во полуфиналето, се задоволи со бронзениот медал победувајќи ја Србија со резултат 81 – 68.
Македонија на овој Евробаскет не успеа да ја помине групната фаза од натпреварувањето.
Следното првенство ќе се одигра за две години, а домаќинот ќе биде одреден во декември.




